Суки Ватерхаус е една од најбараните манекенки на денешницата, а во новиот број за британскиот Elle магазин открила многу занимливости.
21-годишната Суки се појави на насловната на британскиот Elle магазин, а до сега не зборувала за својот познат дечко бидејќи тоа било досадно.
Се работи за најсекси мажот во Холивуд, Бредли Купер кој паднал на шармот на 18 години помладата убавица.
„Не сум од оние девојки кои постојано зборуваат за своите дечковци. Што и да кажам ќе звучи чудно. Но вистина е, ако почнам да зборувам за него, веројатно нема да можам да сопрам“, рекла Суки која веќе од април е заедно со згодниот Бредли.
Иако меѓу нив има голема разлика во годините, изгледа дека со нивната врска е сѐ во ред а младата манекенка прифатила да живее под „будното око“ на јавноста- особено откако е заедно со најсекси мажот во Холивуд.