И додека актерката Гвинет Палтроу го прославо својот живот по разводот, а нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Крис Мартин конечно проговори за разделбата во приватнот живот.
Фронтменот на Coldplay, Крис Мартин и актерката Гвинет Палтроу одлучија да се разведат. Во јавноста секогаш изгледаа како хармоничен пар, затоа веста за нивниот развод сите ги изненади.
Во најискреното интервју за BBC Radio 1, Крис конечно зборуваше искрено за проблемите во десет-годишниот брак.
„Пред две години бев за никаде. Чувствував дека не можам да уживам во ништо затоа што бев преоптеретен со сè. Не можам да обвинувам било кој друг, освен сам себе и морам да променам некои работи“, рекол Крис.
Очигледно сето тоа влијаело на бракот и на неговиот живот. „Сега се обидувам да се променам. Не сакам да одам низ животот во страв. Да се плашам од љубов, одбивање или неуспех“, додал познатиот музичар.
На прашањето за тоа дали парот имал отворен брак, Крис сега сè демантирал. Парот заедно имаат две деца.