Еден од најважните денови од неговата кариера.
Познатиот актер Орландо Блум доби своја ѕвезда на Булеварот на славните. Благодарение на своите улоги како Вил Тарнер во „Пирати од Карибите“ и Леголас во приказната на Џ.Р.Р. Толкен, се наоѓа на 22-то место на листата на најуспешни актери на сите времиња.
На церемонијата на откривањето на 2.521-та ѕвезда актерот бил придружуван од својот тригодишен син Флин.
„За некој кој израснал во Лондон, Холивуд му се чини како митско место“, рекол актерот.
Својата кариера ја споредил со патување на месечината, бидејќи неговите две најважни улоги во филмовите „Господар на прстените“ и „Пиратите од Карибите“ го вивнале во вселената, пишуваат англиските медиуми.
„Јас живеам нормален живот и тоа ми се допаѓа. Сè малку се промени по раѓањето на мојот син, бидејќи сега сакам да бидам во неговиот живот колку што е можно повеќе“, рекол тој.
Но, недостигаше неговата поранешна сопруга Миранда Кер. Поминаа повеќе од 6 месеци откако тие двајца одлучија да не бидат повеќе заедно. Но, поранешниот пар наскоро ќе треба повторно да се договараат за нови важни работи околу нивниот син Флин, бидејќи Блум сака неговиот син да се школува во Англија, пишуваат англиските медиуми.