Конечно и се исполни најголемата желба на Ким Кардашијан

Речиси сите нејзини обожаватели знаат дека една од нејзините ретки неостварени желби беше да се најде на насловната страница на престижното списание Vogue. И конечно, главната ѕвезда од реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“, успеа да ја оствари.

1395421809000-vogue

Секако, голем удел во разубедувањето на популарната главна уредничка Ана Винтур имаше нејзиниот пријател Кание Вест, кој конечно успеа да ја убеди да го прекрши ветувањето дека Ким Кардашијан никогаш нема да се најде на насловната на овој магазин.

Секако, на насловната таа е во придружба на нејзиниот иден сопруг, а самата фотографија е во духот на претстојната венчавка закажана на 24 мај во Париз. Но иако не е целосно нејзина насловната страница, сепак, беше доволно за таа да ја сподели нејзината неизмерна радост и со нејзините фанови на социјалните мрежи.

2014-03-21 20_11_07-Kim Kardashian Finally Got A Vogue Cover

А еве и како се одвиваа подготовките за снимањето на едиторијалот.

 

- Реклама -