Џеј Зи и сестрите Ноулс конечно проговорија за неодамнешниот инцидент што се случи во лифтот.
Бијонсе, Џеј Зи и Соланж објавија заедничка изјава во врска со пресметката во лифотот што се случи пред неколку дена. Еве ја целосната изјава:
„Како резултат на јавното објавување на снимките од лифтот, дојде до многу шпекулации околу тоа што е причината за овој несреќен инцидент. Но, најважно од сè е дека нашето семејство помина преку сето тоа“, стои во нивното обраќање на печатот. Џеј Зи и Соланж ја превземаа својот дел од одговорноста за тоа што се случи. И двајцата ја признаа својата улога во оваа привата работа која се одигра во јавноста. И двајцата се извинија еден на друг, а ние продолживме напред како обединето семејство. Наводите дека Соланж била под дејство на алкохол или дека чудно се однесувала е целосно погрешно. На крај на денот многу семејства имаат проблеми, а нашето не е ништо поразлично. Се сакаме едни со други, а пред се сме семејство. Ние ова го оставивме зад себе па се надеваме дека истото ќе го направат и другите“, стои во изјавата.