Веста која го воодушеви светот на шоубизнисот е дека конечно познатиот холивудски пар овој викенд стапија во брак по девет години заедно.
Бред Пит и Анџелина Џоли се венчале во тајност во саботата во замокот од 60 милиони долари, Миравал во Ница, Франција и нивните деца имале голема улога во целата церемонија, потврдил потпаролот за AP.
Анџелина до олтарот била во придружба на најстарите синови Медокс и Пакс. Захара и Вивиен фрлале листови цвеќиња, а Шилох и Нокс ги носеле венчалните прстени.
E!Online пишува дека венчаницата на познатата актерка била традиционална, но во нејзин стил. „Тоа беше удобна, бела, долга, свилена венчаница со античка чипка“, открил извор.
39-годишната дива носела и детал кој го наследила од нејзината почината мајка Маршелин Бертранд. Станува збор за златен медалјон, па ѕака Анџелина ја носела сликата од мајка си близу срцето. Познатата актерка, режисерка и хуманитарка носела и долг бел вел, а кога Бред го тргнал од лицето и самиот останал обземен од нејзината убавина.
Наводно нејзиниот татко Џон Војт бил меѓу последните кои дознале за овој настан, но затоа нивниот пријател Џорџ Клуни бил воодушевен од веста.