Конечно: Малку правда и за Калимеро

Познатото црно пиле Kалимеро, кое неодамна ја прослави својата 50-годишнина, се враќа на малите екрани во нова, 3D анимирана серија.

Иако се уште ја има онаа бела лушпа од јајце на главата, и повторува за се како „нема правда“, Калимеро сепак доста е променет. Во духот на новото време, веќе не се препушта на меланхолијата, туку решава да ги превземе работите во сопствени раце.

Овој карактер настанал во јули, 1963 година за потребите на реклама за прашок за перење, по што 11 години подоцна станува и главен лик во популарниот анимиран филм на кој се радуваа децата ширум светот.

Новата серија настана во италијанско-француско-јапонска копродукција, има 106 епизоди со времетраење од 11 минути.

- Реклама -