Свилени чорапи, чипкасна долна облека и… брада!
Кончита Вурст повеќе не е странец за модната индустрија.
Победникот на Евровизија веќе се појави на модната писта, позираше за колексијата есен/зима 2014 на Жан Пол Гатје во јули, и сега 25-годишниот транвестит може да се пофали со едни специфични уредувачки слики.
Во сликите за есенското издание на CR Fashion Book, Кончита се појавува во чипкаста долна облека придружена од бремената манекенка Ашелинг Гуд и легендарниот дизајнер Карл Лагерфелд.
Во продолжение е и одговорот на Кончита за предизвикот „Ice Bucket Challenge“, предизвикана од Новак Ѓоковиќ: