Кончита Вурст топлес на насловната на „Ролинг Стоун“ магазинот

„ Да се видам себе на насловната страна на светски музички магазин за мене е голема чест“, напиша Кончита покрај фотографија која на Твитер ја сподели со обожавателите.

 

П0бедничката на ланската Евровизија позираше за насловната страна на германското издание на весникот „Ролинг Стоун“ за август.

Иако е топлес, Кончита одлучи да ги прекрие брадавиците со леплива лента и тоа го објасни со зборовите: „Мислам дека сега во светот има многу толерантни луѓе кои сакаат да го разберат начинот на кој што живеат другите. Но, уште е долг патот до тоа“.

Кончита смета дека коренот на несигурноста и агресивноста кај луѓето е затоа што немаат контакт со ЛГТБ заедницата и не се свесни за бројни факти.

 

- Реклама -