Американската комичарка Џоан Риверс почина на 81 години, откога пред една недела рутинска процедура на грлото ја остави во кома.
Во изјавата, нејзината ќерка Мелиса вели дека нејзината мајка починала во мир, опкружена со семејството.
Веднаш по објавувањето на тажната вест на познатата ТВ водителка и комичарка, најпозната како водителка на „Fashion Police“, социјалните мрежи беа преплавени со изјави на сочувство за покојната Џоан.
Водителката со рапав клас и остра смисла за хумор, ќе остане во сеќавањата на многумина.