Комбинација на уметност со „selfies“ дава визуелно прекрасни резултати
Инстаграм профилот на Хелен Мелдал е преполн со „selfies“ пред огледало, истко како и речиси секоја дваесет и нешто- годишна девојка. Но, нејзините не се за згоелмување на својата суета. 26-годишната девојка користи акрилни маркери на огледалото за да се стави себеси во ситуација надвор од овој свет. „Јас дури не ги ни гледам нив како „selfies“, изјавила Мелдал. „Исто е како театар. Јас сум дел од тоа што ќе го нацртам.“
Мелдал црта цртани ликови на огледалото, од Дизни ликови до Супер Марио, срца и колачиња. Сето тоа започнало како оставање на пораки за нејзината цимерка, кога сфатила дека може да изгледа навистина кул со некоја боја.
И покрај нејзиниот уметнички талент, Мелдал моментално работи како приправник во Норвешка амбасада (таа е од Норвешка) во Вашингтон, а има и сопствена компанија. Погледнете дел од нејзината визија и креативна комбинација од трендот во социјалните мрежи и комерцијалната уметност.