Дејвид Петерсон кој беше двојник на познатиот холивудски актер Бред Пит во неговото најново филмско остварување „World War Z“ за повеќечасовната работа добил ситна и безначајна сума на пари.
Имено, Петерсон (26) за 18 часа работа на сетот, добил нешто помалку од 100 евра. Познатиот холивудски актер во филмот заработи сума од околу 23 милиони евра.
„Не заработив многу, но кога ќе ви понудат таква улога, едноставно не можете да одбиете“, изјавил Дејвид кој додал дека на сетот постојано го следел Бред, за да би го доловил неговиот лик што поверодостојно.