Старлетата Ким Кардашиан и раперот Канје Вест одржаа неколку свадбени церемонии на кои потрошиле неколку милиони долари.
Врвно сместување:
Гостите во Париз, кои почнаа да пристигнуваат околу 19 мај, биле сместени во хотелот Џорџ V со пет ѕвезди. Луксузниот хотел нуди соби со најниска цена од 750 долари од вечер. Кога пристигнале во Фиренца, престојувале во хотелот „St. Regis” и „Four Seasons“. И двата хотели нудат соби од 885 долари од вечер. Ако тоа се помножи со 200 гости, кои пристигнуваа на самата свадбена церемонија, цената само на хотелското сместување изнесува повеќе од половина милион долари. Семејството Кардашиан во Фиренца престојуваше во луксузната вила каде цената за една ноќ изнесува 1800 долари.
Вечера во Версај пред венчавката во Фиренца:
Меѓу другото, невестата и нејзините најблиски пријателки уживале во вечера во хотелот „Costes“ кој се вбројува меѓу најдобрите ресторани во Париз. Цената во менито се движи околу 190 долари, па списанието People само вечерата ја проценува на 4.100 долари. На вечерата во Версај пеела Лана Дел Реј за која Канје одвоил дури 3 милиони долари.
Приватен превоз:
За да ги транспортираат своите гости од Париз на венчавката во Фиренца, Канје и Ким имале на располагање два приватни авиона. Кога слетале, ги дочекале 45 до 50 автомобили и комбиња кои ги возеле до сместувањето. Автомобилите се изнајмени за 70.000 долари.
Фризурата и шминката за сите:
Младенците на своите гости им овозможиле фризура и шминка за нивната венчавка. Услугата на стилистката и шминкерката Алисон Деприестре по лице чини 380 долари. За 200 најблиски гости станува збор за трошок од 65.000 долари.
Местото на венчавка:
Двојката заветите ги размени на Форт Белведере. За неговото изнајмување се издвоени 409.000 долари, а тоа е цената без надградбите, осветлувањето и изградбата на останатите потребни детали.
Ретко цвеќе:
Ким и Канје ништо немаат оставено на случајност. Се било украсено со бели ружи и гардении кои ги порачале од Париз и Белгија, а гостите уживале во мирисот на цветот тубероза која потекнува од Африка. Вкупните трошоци за цвеќињата беа проценети на 136.000 долари.
Храна:
За свадбеното мени биле одговорни врвните готвачи Ени Феолде и нејзиниот сопруг Џорџо Пинчоиори кои имаат своја агенција за кетеринг Galateo. Тие поседуваат и свој ресторан каде цената на шпагети е околу 100 долари. Свадбеното мени највероватно надминува неколку десетици илјади долари. За десерт се јадела торта долга два метра.
Облека:
Ким носеше Givenchy венчаница кој ја дизајнирал нејзиниот пријател Рикардо Тици. Цената на фустанот се проценува на 500.000 долари. Нејзината ќерка Норт носела бело фустанче од истиот дизајнер.