Колку стебла растат на земјата? Пресметан вкупниот број

Според најновите податоци, на Земјата растат околу три милијарди стебла.

Бројот е речиси осум пати поголем од претходните проценки дека на светот постојат околу 400 милиони стебла. Новата проценка ја објавија група научници од Јеил под водство на Томас Кроутер. Тие собрале податоци од теренски истражувања и податоци добиени од сателитски снимки.

Новата проценка сугерира дека на секој жител на Земјата доаѓаат околу 420 стебла. Тие бројки ќе послужат за разни идни истражувачки проекти, од студии за биоразновидност до нови климатски модели, но Кроутер предупредува дека таа проценка сама по себе ништо нема да промени.

dlaboka_reka_2

– Не се работи за тоа дека сме нашле толпа нови дрвја, така да тоа не е ни добра ни лоша вест – рече за Би-Би-Си. Кроутер.

– Едноставно ја опишавме состојбата на глобалниот шумски систем, за луѓето многу подобро да го разберат тој проблем и научниците да можат да ги искористат новите податоци – додаде тој.

Клучно за оваа проценка беше и собирањето на податоци од теренот за густината на шумите на над 400 илјади локации во светот. Од вкупно 3,04 билиони стебла, научниците проценуваат дека околу 1,39 билиони растат во тропските и суптропските шуми.

Групата од Јеил процени дека во една година се сечат околу 15 милијарди стебла, а повторно се засадуваат околу 5 милијарди.

- Реклама -