Според резултатите на државниот завод за статистика, од фирмите кои што се создале во 2011 година, до 2012 преживеале само 64,3%, што значи дека помалку од половина од основаните, односно 40 проценти „згаснале“ уште во правата година од своето постоење.Најмногу преживеале компаниите кои што започнале сопствен бизнис со: Дејности на здравствена и социјална заштита (92%), финансиски дејноси и дејности на осигурување (83,3 %).
Покрај нив, според податоците за демографија на претпријатија во Македонија, многу фирми се создадени во скторите: Трговија на големо и трговија на мало, како и поправка на моторни возила и мотоцикли.
Според податоците за згаснатите претпријатија, најмногу има онакви кои се дефинираат во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.