Колку долго трае вљубеноста?

Современата наука напредуваше многу низ годините,  што научниците сега се дури и во состојба да ги измерат сите сегменти на нашиот живот, па и емоциите.

Така, неодамна италијански научници пресметале колку долго живеат „пеперутките во нашите стомаци“ кога се вљубуваме.

За жал, само една година, покажуваат резултатите од истражувањето кое неодамна е објавено во Ценарот за молекуларни истражувања на Универзитетот во италијанскиот град Павија.

Имено, научниците од овој ценар установиле дека протеинот Ngf е многу прецизен барометар на љубовта, затоа што влијае на развојот, заштитата и обновувањето на нервните влакна.

45043-Couple-In-Love

Поаѓајќи од тоа откритие, италијанските експерти спроведоа интересно истражување. Го споредија нивото на овој проетин во крвта на 58 свежо вљубени лица меѓу 18 и 31 година, со луѓето кои се во стабилни повеќегодишни врски, како и со оние кои се сами.

Резултатите од овие анализи недвосмислено покажа дека нивото на протеинот Ngf е највисок во крвта на вљубените лица. Но, кога истата анализа била спроведена после една година, научнциите утврдиле дека нивото на овој протеин е речиси ист, ако не и идентичен, со нивото во крвта на самците или лицата чија врска одамна влегла во многу подалеку мирните води.

Затоа италијанские научници веруваат дека овој протеин е главен виновник за блажената состојба на еуфорија која ја чувствуваме кога сме вљубени, како и за необичното треперење на пепертутки во стомакот кога ќе ја видиме саканата личност. За жал, тие со овие истражувања покажаа дека тие пеперутки живеат само една година.

- Реклама -