Зарем не е супер кога два десерти ќе се спојат во еден, супердесерт?
Потребно е:
околу 35 – 40 палачинки
2 л. млеко
2 пудинг од чоколадо
2 пудинг од ванила
20 лажици шеќер
200 г. шлаг крема.
Подготовка:
Испечете ги палачинките. Се прават како и сите други. Филувајте ги со пекмез или еврокрем. Наредете ги палачинките во длабок плех. Во 1 л. млеко згответе 2 пудинга од ванила и 10 лажици шеќер. Прелијте преку палачинките (додека е врело).
Потоа наредете уште еден ред палачинки. Вториот пудинг од чоколадо, згответе го исто и прелијте. Оставете да се олади. Изматете 200 г. шлаг крема и украсете го колачот.