Овој коктел може но и не мора да биде алкохолен, а се приготвува за 2-3 минути. Вистинско изненадување за вашите гости на овие високи температури.
Состојки за 4 коктели:
4 шолји исецкана ладна лубеница
1 шолја Тоник или Битер лемон
1/4 шолја сок од лимон
рум по желба
Начин на припрема:
Во блендерот ставете ги сите состојки. Лубеницата мора да биде добро изладена и исецкана. Сето ова се блендира додека не се добие глатка смеса. За декорација може да се стави тенко исечен портокал, лимон или лист од нане. Уживајте!