Каде и да се појави воодушевува со убавината.
Рекламните кампањи на познатите компании секогаш се оригинални, но кога на нив се појавува Чарлиз Терон, тоа е ново ниво на убавина.
Мистериозна жена чекори низ дворецот, а нејзиниот свилен фустан открива заводливо долги нозе.
Мистериозната убавица не е ниту една друга туку прекрасната Терон.
Таа со Диор соработува веќе долги 10 години, а со обожавателите сподели и неколку мудри зборови.
„ Секогаш треба да се движите напред и да разберете дека жените се интересни, комплексни, така што не ми е јасно зошто не ги славиме тие работи, наместо да ги поедноставуваме дводимензионално?“ изјави славната актерка.