На натпреварот од вториот круг на Лигата на шампионите, во Париз се сретнаа тимот на ПСЖ и Барселона, а на трибините се најдоа и познати личности кои и не гледаат толку често вакви настани.
Поточно, станува збор за брачната двојка Џеј Зи и Бијонсе, кои на трибините седеа во друштво на својот пријател и фудбалската легенда Дејвид Бекам.
Иако на теренот се играше многу интересен дуел со дури пет гола, голем дел од публиката времето го помина гледајќи во ова познато трио.
Дека навистина го привлекле вниманието на околните гледачи, докажа и поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој не можел да одолее да не се фотографира со познатите ѕвезди.