Кој Каспер? Ова е новиот дечко на Џенифер Лопез!

Џенифер не чека многу, па по само една недела веќе има ново момче!
Сите светски медиуми објавија вест дека Џенифер Лопез ја раскинала долгогодишната врска со Каспер Смарт минатата недела.

А како што пренесуваат странските медиуми, познатата пјачка повторно е во врска. Џеј Ло повторно е со помлад дечко, професионалниот танчер Максим Чмерковски, кој е помлад 10 години од неа.

Двојката заедно настапила на доделувањето на „American Music Awards“ во ноември, а Максим уште од тогаш наводно ѝ се допаднал. Го искористил моментот дека сега е повторно сама, па видени се во неколку ресторани заедно.

Максим е украиснки шампион во латино танц. На пошироката публика ѝ е познат по учеството во американската верзија на „Танц со ѕвездите“.

- Реклама -