И двете се светски познати, и двете станаа мајки ова лето, и нивните имиња започнуваат со буквата „К“, но таму завршуваат сличностите помеѓу Кејт Мидлтон и Ким Кардашиан.
Војвотката од Кембриџ и самопрогласената кралица на реалните телевизиски серии се како креда и сирење.
Витката Кејт, 31 година, беше втурната во интернационална слава поради својата врска со принцот Вилијам, и изгледаше неподготвена и срамежлива за толкаво внимание. Додека пак, сладострасната Ким, 33 годишна, стекна слава преку нејзината секс снимка и- заедно со целото семејство- имаат ненаситна потреба од внимание.
Сепак, јасно е од овие фотографии дека Ким го копирала кралскиот стил на Кејт, со различен успех.
Стилот на војвотката доминира со елеганција и вкус, додека облеката на Ким има тенденција на невкус, да покаже повеѓе и да биде припиена за тело. Но, никој не порекнува дека стилот на кралскот семејство има влијание врз бр.1 славното семејств во Америка.