Американскиот претседател Барак Обама се појави во вторникот навечер на собир во Белата куќа со трага од кармин на неговата кошула. Во негов стил со хумор и шарм успеа да ја деактивира потенцијалната медиумска бомба и да избегне нов „Моникагејт“.
Обраќајќи ѝ се на групата Американци со азиско потекло Обама инсистирал веднаш пред камерите да ја објасни „сомнителната дамка“ на својата бела кошула.
Обама рекол дека еден од знаците на добредојде е и трага од кармин на јаката.
„Мислам дека знам кој е виновен за ова“, рекол низ смеа. „Каде е Џесика Санчез?“, прашал тој алудирајќи на една од кандидатките на популарната музичка емисија American Idol.
„Всушност не е Џесика, туку нејзината тетка, каде е таа? Тетко, погледни го ова“, рекол американскиот претседател покажувајќи со прстот на дамката.
„Сакам сите да бидете сведоци. Не сакам проблеми со Мишел“, рекол Обама и го продолжил говорот.
http://youtu.be/hv_dqFbg1Qk