Ана Ивановиќ и Бастиан Швајнштајгер се пред свадба, но бидејќи во бракот се дели се на половина, еве кој повеќе ќе профитира од оваа заедница.
Бастиан долго време беше член на Баерн Минхен, каде имаше одлични приходи од страна на клубот, но од брендот „Адидас“ на кого му беше заштитно лице.
Но, Швајни пред само неколку дена одлучи да ја промени средината, па така премина од Баерн Минхен во Манчестер Јунајтед за 22 милиони евра, со плата од неверојатни 9 милиони евра годишно.Несомнено, ова е голем момент за Бастиан, кој во Баерн заработуваше повеќе од самое пет милиони евра годишно.
Од друга страна, Ана Ивановиќ само во 2014 година имаше годишна заработка од девет милиони евра, а оваа година одлично ја почна сезоната достигнувајќи во финалето на Ролан Гарос, каде за жал изгуби од Шарафова 2:0 во сетови.
И додека Бастиан има бројни недвижнини во кои тој инвестираше, вклучувајќи го и станот во Минхен кој го купи за Ана, српската тенисерка и нема премногу инвестирано во нешто такво.
А, бракот на Ана и Швајни дополнително ќе обезбеди животна сигурност, бидејќи фудбалерот заработува доволно за нивен мирен живот.