Кој е всушност победникот на Евровизија: Сè што не сте знаеле за „брадестата жена“

Ден по победата на Евровизија сите коментираа само една работа- Кој е всушност брадестиот австиец?!
Томас Њувит е роден во Австрија кој ја промени историјата на својата земја со победата на овогодинешната Евровизија со песната „Rise Like a Phoenix“.

Screenshot_2

Дека е различен од другите, Том го сфатил тоа од рана возраст. Бил дискриминиран поради изгледот, а тој одлучил да се бори против омразата и да биде свој. Станал препознатлив во јавноста како „жена со брада“, а „да биде свој“ сега и повеќекратно му се исплатило.

Screenshot_3

Том и пред две години се обидел да се избори за пласман на Евровизија, но не било успешно. Инаку, студирал моден дизајн, пеел дури и во „boy bend“, а учествувал и во реално шоу каде се претставил на јавноста под името Conchita Wurst- изјавил дека тоа уметнично име всушност значи „сеедно“.

„Можеби некогаш ќе ја соблечам периката и ќе ја оставам дома, но тоа нема да биде набрзо. Мојата мисија ќе биде завршена кога ќе престанат дебатите околу тоа кој смееме да сакаме, а кого не“, рекол по победата заклучувајќи: „Оваа ноќ е посветена на сите кои веруваат во иднина на мир и слобода. Сите сме едно. Незапирливи сме!“

И додека Русите сакаа да го бојкотираат Conchita, ни австриската јавност не ѝ била наклонета. Некои твреа дека е срамота што „таква личност ја претставува Австија“, но сега по победата се зборува веројатно сосема поинаку.

Што велите вие за контоверзниот пејач?

- Реклама -