Kој бренд е споменат најмногу пати во „Сексот и градот“?

Францускиот уметник Пјер Бутен создаде една  забавна анализа  на сите брендови, споменувани во популарната серија.Воглавно ннајспоменувано е  престижното модно списание, познато како модната библија – Vogue, кое  се одликува со импресивни 36 споменувања.

 

Најчесто споменуван моден бренд пак, е брендот за чевли Manolo Blahnik, што не е изненадувачки.

Кери Бредшо, главната хероина и раскажувач во серијата, пишува за американскиот Vogue во четвртата сезона на серијата (договарајќи ги најимпресивните два долари за напишан збор), па  дури ја посетува и канцеларијата на списанието каде се случува тешка средба со главната уредничка.

Останатите брендови во топ десет  се: Martini (34 пати), Yankees (26 пати), Никс (25 пати), New York Times (24 пати), Manolo Blahnik (16 пати), Dolce & Gabbana (15 пати), Prada (14 пати), Chanel (13 пати), и Gucci (12 пати).

- Реклама -