Кој би рекол дека соништата вака можат да влијаат на нашите животи

Тоа што го сонуваме може да влијае на нашиот живот и однесување кон одредени луѓе, трдат научниците.
Дали некогаш ви се случило да сонивате некоја блиска личност во негативен контекст, а откога ќе се разбудите да бидете сеуште лути на неа? Очигледно не сте единствени, бидејќи најновите истражувања покажуваат дека соджината на нашите соништа со леснотија се пренесува и во реалниот живот. Таквите соништа предизвикуваат конфликт и сомневање во себе самите.

130111134305-irpt-surreal-dream-dawn-horizontal-gallery

Веќе многу истражувања покажаа дека реалниот свет многу влијае на соништата, но најновите истражувања се едни од ретките кои покажуваат дека и нашите соништа влијаат на реалниот живот, односно на нашето однесување.

Според научниците базирано на истажувањето, соновите најмногу влијаат на меѓучовековите односи, особено оние љубовните. Така, на пример, можете да го сонувате својот партнер како ве изневерува и целиот следен ден да бидете лути на него, а од тоа може да произлезе нов конфликт.

Во ова необично истражување биле вкучени 61 лице, а научниците велат дека ова е само почеток на нови откритија за поврзаноста на соновите и реалниот живот и нивните меѓусебни влијанија.

- Реклама -