На трендот на екстремно разубавување и заминување под хируршки нож на српската сцена не им одолеаја ниту мажите. Помалку сало тука, малку повеќе коса ваму и дури тогаш се спремни за пред камера.
Како што објави „Блиц“, Тони Цетински призна дека заради добра линија направил липосукција. Вели, сега е нов човек.
Драган Којиќ Кеба е познат по огледалцето од кое што не се одвојува, а направи и трајна шминка и вбризгува ботокс за да ги елиминира борите на челото.
Иако не сака да зборува на таа тема, не е тајна дека челникот на Гранд продукција, Саша Поповиќ, борите на лицето ги отстранува со ботокс.
Најдалеку од сите отиде Карамела со мноштво операции.
„Мајката природа не ми дала убав нос, тогаш одам да го средам, па тогаш застанувам пред огледало и велам – е сега ми фали само уште ова и ова“, вели тој.