Кои се највисоко платени модели во светот?

 

Кои се високоплатените модели во светот? За кои модни брендови рекламираат и за кои дизајнери шетаат неверојатни  тела по модна писта? Списанието Форбс ја изготви годишната рејтинг листа за високоплатените модели во светот.

1. Жизел Бундхен

B-ndchen-gisele-bundchen-27935253-1600-1200

33-годишната Жизел Бундхен  седми пат по ред го зазема првото место во рангирањето. Примамливата  Бразилка  заработува 42 милиони долари благодарение на многубројните проекти во кои учествува . Бундхен има сопствена модна линија, бренд чевли, љубимка е на дизајнерите, а од неодамна и едно од лицата на H & M.

Освен тоа Жизел Бундхен ќе остане засекогаш во историјата како еден од најубавите и најпосакувани  ангели на VIctoria’s secret. Топмоделот соработува активно со водечките светски брендови во козметиката.

2. Миранда Кер

315273141_1365619679

На второ место на листата на најбогати модели според американското списание Форбс е нејзината Австралискаколешка Миранда Кер. Сопругата на Орландо Блум заработила за една година 7,2 милиони долари благодарение на договорот како лице на австралиската авиокомпанија „Qantas”, како и модниот  бренд „Манго”.

Исто така 30-годишната манекенка има сопствена линија производи за нега на кожата, наречена „Kora”. Оваа година Миранда Кер ќе парадира за последен пат како ангел на VIctoria’s secret.

3. Адријана Лима

Adriana-Lima

Трета во рангирањето е Бразилката Адријана Лима, која има инкасирано  6 милиони долари благодарение на проектите  со брендови како Victoria’s secret, Maybelline, Pirelli. Таа има работено за дизајнери од калибарот на Џорџо Армани, Ралф Лорен, Валентино.

 

- Реклама -