Сексипилот кај мажите нема никаква врска со правилните црти на лице, убавиот нос, долгите трепки или атлетската конструкција, туку со она што е навистина тешко да се опише, а единствениот збор кој е најблиску до таа перцепција е шармот. Токму поради шармот следниве актери и пејачи ги освојуваат своите обожавателки ширум светот, повеќе од 50 години.
Иако веќе зачекори во 83-тата година од животот, Шон Конери е сеуште вистински магнет за жени. Освен тоа што е прогласен за еден од најдобрите и најсексипилните Џејмс Бонд, на сите времиња, овој маж го има „она нешто“. Тоа го потврдија и жените ширм светот кои го прогласија за најсексипилниот маж со над 60. Иако беше втор најстар шармер на листата, овој пат успеа да ја помести конкуренцијата со повеќе од четвртина гласови.
На второто место се наоѓа интересниот шеестгодишен актер Алан Рикман, кој повторно се издигна со улогата во серијалот на филмови за Хари Потер, а а на врвот го следи уште еден секси шпион Тимоти Далтон.
Еве листа на десет најсексипилни мажи во светот, со над 60 години.
1. Шон Конери
2. Алан Рикман
3. Тимоти Далтон
4.Том Џонс
5. Џереми Ајронс
6. Дејвид Боуви
7. Род Стјуард
8. Ерик Клептон
9. Роџер Мур
10. Мик Џегер