Кристина Агилера изгледа навистина ослабено во последно време, а беше забележана дури и како се упатува на вежбање во теретана. Сепак, на последната фотографија која славната пејачка ја објави вчера (среда) на нејзиниот Твитер профил, таа изгледа неверојатно слабо. Се чини дека и покрај тоа што Агилера постојано изјавуваше дека е задоволна од себе и се чувствува секси со нејзините вишок килограми, повеќе си се допаѓала со нејзината стара фигура. Фер е да се признае дека вложениот напор и истрајноста за кусо време покажале огромни резултати. Погледнете ја само разликата.