Реалната ѕвезда заврши во болница откога инјекцирала колаген во усните.
Фара Абрахам и претходно правела естетски зафати на своето лице. Неодамна таа вградила имплант во брадата кој сепак подоцна го отстранила.
Последниот естетски зафат, зголемување на усните, поминал толку лошо што морала да побара итна помош.
Без разлика на тоа колку страшно изгледа, од болничкиот кревет објавила „твит“ во кој се пошегувала на своја сметка.
Наводно за нејзиниот сегашен изглед е виновна алергиска реакција на анестетикот кој го примила пред самата операција.