Актерката Маргот Роби која се прослави во филмот „Волкот од Волстрит“ во интервју за „Харперс базар“, открива како се чувствувала кога на аудиција непланирано му удрила шамар на еден од најславните актери во Холивуд, Леонардо Ди Каприо.
Сеќавајќи се на тој момент што направи голем пресврт во нејзината кариера, Маргот вели:
„Тогаш знаев дека имам само уште 30 секунди во таа просторија и доколку не направам нешто импресивно, нема да постигнам ништо“.
Таа открива:
„Беше тоа моја шанса и само ја зграпчив. Така започнав да вриштам кон него и тој почна да ми се дере. Беше страшен, едвај поднесов. Тогаш дел во мене се разгневи и му удрив шамар. Вреснав и го опцув, а тоа не беше дел од сценариото. Просторијата се замрзна и сите занемеа“.
После ова актерката не се надевала дека ќе ја добие улогата.
„Мислев дека ќе ме уапсат и ќе ме тужат“, вели актерката која после ова беше избрана за главна женска улога во филмскиот хит на Мартин Скорсезе.