Фасциниран од феноменот во кој двајца кои немаат никаква роднинска врска наликуваат толку многу едни на други, фотографот Фрасоа Брунел досега соедини околу 200 лица кои имаат некој кој е речиси идентичен на нив, а притоа не се во никакво крвно сродство.
Иако досега проектот наречен „I’m Not a Look-Alike!“ претежно содржеше само жители од Северна Америка, Брунел реши да го однесе еден чекор понапред, па така тој веќе замина во Австралија во потрага по лица кои физички наликуваат едни на други.
Погледнете ја серијата од црно бели портрети и запомнете, лицата подолу, освен физичките сличности, немаат ништо друго заедничко.