Кога легенда одржува лекција- Кит Ричардс на Бибер: Да расчистиме веднаш една работа…

Како што пишува US Weekly, Џастин Бибер (20) бил во еден бар за време на новогодишните празници кога налетал на „постар човек кој враќал пијалоци“, а тој го прашал: „Кој си бре ти?“.

Излегло дека тој „стар човек“ е рок иконата Кит Ричардс.

Бибер, кој е „in“ во светот на музичката индустрија и е онаков каков што го знаеме, му одговорил на Ричардс: „Не знам, но кој е*ате ти?“.

Очигледно задоволен од одговорот, „старецот“ се насмеал и рекол: „Човек си. Го почитувам тоа.“ И си отишол, рекол извор. Само неколку минути подоцна еден човек му пришол на Џастин и му рекол:

– Кит Ричардс сака да се напие со тебе една пијачка.

Дури тогаш идентитетот на „старецот“ е откриен.

Бибер, шокиран, едвај изговорил: „Леле, сра*е! Тоа беше Кит Ричардс?“ и веднаш му се придружил на легендата на маса.

Извор вели дека Џастин се обидел да биде „пријател“ со Кит, но целосно неимпресионираниот Ричардс му рекол на малиот Бибер:

– Да расчистиме една работа! Ти си само еден обичен „wannabe“!

Ете зошто Кит Ричардс секогаш ќе биде рокенрол Бог за сите времиња, а Џастин Бибер секогаш ќе биде дете кого за малку ќе бил истепан и Леголас!

- Реклама -