Кога кралицата слави роденден, тоа изгледа вака

Кралицата на поп музиката го прослави својот роденден во бар, опкружена со убави мажи.

На 57-иот роденден на Мадона, присуствуваа нејзините деца Лурдес (18), Роко (15) и 9-годишните Мерси и Дејвид, кои се посвоени од страна на пејачката.

Темата на вечерта беше „цигански забава“. Пејачката доби специјална торта со мала фигура облечена во нејзин стил, и натпис “Rebel Heart” – името на нејзиниот последен албум.

1 2 3 4

Таа постојано му оддава почит на својот хороскопски знак Лав. Но, најважната личност во нејзиниот живот, родена под овој знак е нејзиниот син Роко кој наполни 15 години минатата недела. На забавата присуствуваше и неговиот татко Гај Ричи.

Пред сопствениот роденден Мадона објави и една стара црно-бела фотографија со вториот поранешен сопруг – Шон Пен, кој го слави својот роденден, еден ден по нејзиниот.

„Речиси е време за нашите родендени. Двајца сме хороскопски Лавови”, напиша таа, под фотографијата.

5

- Реклама -