Висока е само 157 см, па не е чудно што бременоста воопшто не е лесна за познатата актерка.
Холивудската актерка Хајден Панетиер ги одбројува последните недели до породувањето на своето прво дете со боксерот Владимир Кличко. Освен речиси десет-годишната разлика, познатиот пар дели и голема разлика во висината.
Хајден е висока само 157 см, додека Кличко има 203 см. Но, се чини дека таа разлика не им може ништо.
Во осмиот месец од бременоста, убавата актерка отишла на одмор на Хаваите за да биде што порелаксирана пред да се породи. Папараците ја забележале во бикини, а големиот стомак ѝ е се потежок да го носи.
„Моите нозе навистина многу ме болат и тешко е да се справам со оваа нова тежина“, рекла актерката во едно неодамнешно интервју.
Наводно актерката сака природно породување, а многумина обожаватели ѝ посакуваат една работа- среќно Хајден!