Кога читаш по весници дека си умрел

Уште една грешка на медиумите и духовитата реакција на пејачот од групата Guns ‘N’ Roses на веста за својата смрт.

Списокот на лажно починатите славни личности е премногу долг. Пред неколку дена магазинот People објави вест дека починал актерот Крис Даглас. Но, тој за среќа е жив и на 9. декември ќе го прослави својот 98. роденден.

Од таа вест поминаа само неколку дена, а веќе се појави нова за смртта на Аксел Роуз, пејачот на GNR.

За среќа и ова се покажа како лага.

Откако на Yahoo News, прв пат се појави оваа информација, односно дека Аксел бил пронајден мртов во својот дом, социјалните мрежи откачија, а многумина почнаа да му оддаваат почест.

Набрзо се покажа информацијата како погрешна. Реагираше и самиот Аксел Роуз на Твитер.

axl

„ Ако сум мртов дали тоа значи дека веќе не морам да плаќам данок?“, се пошегува тој на сопствена сметка.

 

 

- Реклама -