Ако некогаш сте се прашале зошто сеуште не сте запознале личност која ќе ви се допаѓа или како да ја најдете љубовта кога цело време сте на работа, британскиот психолог Дејвид Холмс дефинирал 5 типа на личности по начинот на кој ја бараме љубовта или влегуваме во врска.
Холмс признава дека повеќето луѓе се одликуваат со комплексни комбинации на особини, но сепак истакнува дека секогаш одредени особини се доминантни. Врз основа на тоа, тој се надева дека ќе ги препознаеме нашите карактеристики и ќе ни помогне да се освестиме и да бидеме повеќе самокритични.
Вредна пчела
Најчесто зуи низ големите градови, цело време е зафатена со работа и нема време да оствари врска.
Пребирлива панда
Оваа класификација ја поврзува со Џорџ Клуни, но не по неговиот сексипил туку по тоа што многу ретко и тешко се одлучува за врска. Перфекционист по природа, на оваа личност му треба посебен мотив за да излезе од неговата комфорна зона. Поминуваат долго време уживајќи во своето присуство и многу се претпазливи при зближување со други луѓе.
Човековиот најдобар пријател
Ведри и разиграни, овие луѓе сакаат внимание. Имаат многу пријатели, посветени се на луѓето околу нив, но се плашат да ја напуштат глитницата и да посветат време само на една личност.
Ноќна птица
Ги сакаат забавите и журките, па затоа многу малку време имаат за да му се посветат на партнерот. Но доколку откријат дека денот е поубав од ноќта, со леснотија можат да ја отфрлат “темната” страна на нивниот живот.
Морско куче
Мажите се доминантни во оваа класификација. Веруваат дека се премногу добри за да се смират и често се случува да остарат сами. Тешко им е да најдат една личност со која би биле среќни.