Бен Афлек и Џенифер Гарнер се една од најстабилните брачни двојки во Холивуд, но и за нив кружат трачеви. Изгледа дека Бен се обидува да ја плати грешката што ја направи на Оскарите.
Бен Афлек стана примерен татко и сопруг, но не може да си ја опрости грешката што ја направи кога ја прими наградата за неговиот филм „Арго“ кога бракот со Џенифер Гарнер го нарече „работа“.
Неодамна во едно интервју јавно ѝ изјави љубов на сопругата со која има три деца, но непрекинато се обидува да се искупи за неговата грешка на Оскарите.
„Бен смета дека ја повредил Џенифер и се обиде да ѝ се искупи во телевизиската емисија „Saturday Night Live“. Бен е загрижен дека ќе ја изгуби Џенифер и ја моли за прошка. Токму поради тоа, ги прашал продуцентите на емисијата дали може да зборува за неговиот говор на Оскарите и да се појави на сцената со Џенифер“, открил анонимен извор за американските медиуми.
Бен сосема се смени откако е со Џенифер и сака да ѝ се оддолжи поради тоа. Кој знае што ќе смисли згодниот Бен…