Оризот е хранлива намирница и чест додаток на оброците. Без разлика дали е пржен или варен, идеално се комбинира со зеленчук, месо или риба. За денеска ви препорачуваме да подготвите кнедли од ориз.
Состојки: 300г ориз, еден праз, 150г мортадела, 2 јајца, сол, бибер, 2 лажици пармезан,зејтин
За поховање: 2 јајца, презла
Подготовка:Обарете го празот, исцедете го и исечете го на кругчиња. Испржете го на загреан зејтин. Во сварен, исцеден и оладен ориз додајте го празот, исецканата мортадела, сол, бибер, јајца и пармезан. Измешајте. Од смесата направете кнедли, извалкајте ги во изматени јајца, па во презла и пржете ги на зејтин додека да поруменат од сите страни.
Добар апетит!