Џорџ Клуни ѝ раскинал на Стејси по телефон

Вечниот ерген Џорџ Клуни ѝ раскинал на 19-години помладата Стејси Киблер по телефон.

„Сфатија дека не можат да бидат заедно ако не се гледаат“, рекол пријател на актерот и открил дека Клуни сака да остане во пријателски односи со неа.

Анонимниот извор додал: „Немале сексуални односи со месеци. Тој е во Европа, а таа во Лос Анџелес, па не се виделе долго. На некои девојки тоа би им било во ред и би биле среќни што се во врска со Џорџ, но не и Стејси. Таа знае дека тој нема намера да жени“.

Клуни моментно е на езерото Комо во Италија, каде што папараците го фотографираа на ручек со пријателите. Ова се први фотографии од 52-годишниот актер по раскинувањето.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху
- Реклама -