Ана Винтур стана уредничка на американскиот магазин „Вог“ уште во 1988 година, а сега открива дека одлучноста и способноста брзо да заздрави од неуспехот се она што и донело најмногу успех во кариерата.
По само девет месеци работа во магазинот Harper’s Bazaar таа добила отказ.
„ Сите треба барем еднаш во кариерата да добијат отказ бидејќи совршенство не постои. Важно е да имаме падови, бидејќи тоа е животната реалност“.
Иако нам Ана ни изгледа неверојатно самоуверено и многумина велат дека има огромни барања и е позната по својата строгост и дрскост, таа открива дека најголем трик е да се преправа дека е сигурна во себе, дури и тогаш кога не е.
„Важно е сè да биде јасно. Голем број на луѓе се двоумат и обидуваат да се предомислат. Јас одлучувам“.
Соработниците често ја нарекуваат и „Нуклеарната Винтур“, алудирајќи на нејзиното арогантно однесување, но таа вели дека „јасноста и добрата организација се нејзин главен адут, поради што нема потреба два пати да проверува дали вработените ги извршуваат нејзините наредби“.
Ана открива дека нема поим како се прави фустан, но умее да препознае.
Таа станува во пет часот секое утро, а во текот на викендите целосно се „исклучува“ од работните обврски.