Клучот до срцето на свекрвата

Не е лесно да го освоите срцето на свекрвата. Одредете кој тип е вашата свекрва, па се надеваме дека нашите совети ќе ви бидат од неква помош.

Венчален прстен и саканиот покрај вас , звучи како од бајките на Дизни.  Има  само еден проблем кој  може да ја помрачи благостојбата – присуството на свекрва. Кое е решението? Надзор, проценка и избор на тактика за неутрализирање на евентуални проблеми.

Товарен коњ

svekrva 1

Проблем Таа држи сè под контрола – од густината на детската каша до политичката ситуација во светот. Нејзините трескави мисли и неуморни раце не знаат за мир дури во часовите кога гледа турска серија – таа плете, чисти, сече, пегла …Планира се, од   сармата за ручек до тоа да  врзе шал на вашиот сопруг, да ги прекори внуците, да ја прекори снаата за „нејзината мрзеливост “.

Нејзините емоции. Нејзиниот живот е 24/7 работење. Можеби во прашање е и суетата, па и докажувањето дека таа го жртвува својот живот за среќата на своите деца. Впрочем тоа е она што го прави секоја мајка.

Пристапот кон неа. Ваша задача  е да ги насочите нејзините преоптоварувања  во своја полза. „Товарниот коњ” токму затоа е товарен, бидејќи не умее да се организира. Изберете го  вистинскиот момент да и  предложите  на својата свекрва строго да ги подели обврските меѓу сите членови на семејството. И кога таа ќе  се навикне дека кучето го шета  дедото, за цвеќињата се грижиш ти, а со правосмукалка дејствува нејзиното синче, таа ќе се опушти. Недостатокот од обврски, пополнете и го со внимание. Потсетете ја дека е жена, подарете и цвеќе без повод.

Медитативна  особа

svekrva 2

Проблем За неа е исклучително тешко да се навикне дека е  мајка на возрасни деца, а  уште помалку  баба. Таа е мила до таков степен што може да го разоружа дури и Џек Мевосек. На неа не и е здодевно само да седи,  да  шета, едноставно ништо да не прави.  Таа вешто се изолира од метежот и гужвата, па  дипломатски се дистанцира од обврските.Нејзините пријатели се Tarot картите и  лековитите пијалоци.Таа сака да размислува за месечината, да разговара со лебарките, да тумачи соништа, да ја слуша „музиката на ветрот”. На неа не и треба многу – само  да има посебна просторија, љубовта на синот  и билети за класичен концерт.

Нејзините емоции  Таа свето верува дека сè треба да се прави со задоволство и по сопствена волја. А кој тогаш ќе пере, пегла и ќе ги успива децата? Ти, се разбира! Оваа мудрост таа ја знае доста добро . Ви го  предала  кормилото на управувањето. Тоа е чин на доверба – не кон вас, се разбира, туку  кон изборот на својот син. Имајте на ум дека  таа колку и да изгледа индиферентно,  ќе следи дали се добро  измиени садовите, убаво ли се испеглани кошулите .

Пристапот кон неа  Давајќи  иницијатива, таа се надева дека   ќе земаш пример од неа. Изборот не е голем – или да заличите една на друга, или пак да ја убедиш во исправноста на сопственото мислење.  Сепак, Внимавајте  на масата секогаш да има чинија сушено овошје, а во орманот – маслиново масло.Подарите и  на „втората мајка” егзотични цвеќиња, амајлии за среќа, рачно изработени обетки.

Бизнисменка

2013_mother_in_law_625x430

Проблем  Таа храбро вози автомобил, обожава да пцуе  и е љубител на алкохолни пијалоци. Со задоволство игра на машки територии и машки игри. Таква мајка постојано е фокусирана на правење пари и кариера, а често  вашата приватност ја оправдува со недостиг на достојни кандидати. Комуницирањето  со домашните изгледа вака: вечерта таа си прави сендвич со месо, истура  чај со мила насмевка, ги  набљудува внуците. Потоа се прозева , вели на сите „бај-бај” и се повлекува во својата соба.

Нејзините емоции. Таа се придава целата на  работа, без да остава ниту време, ниту сили за приватност. Тоа не може да не  влијае на нејзиниот карактер – во неа затајува  нетрпеливост, што ефектира со изливи на емоции и слабости. Истовремено таа сака и од тебе – трпение и издржливост.  Особено доколку и се пожалиш за тешкотиите при домашните обврски, слабостите на својот сопруг или од непослушноста на децата. Бидејќи тоа се си твои проблеми!

Пристапот кон неа  Внуците се нејзината радост. Особено откако ќе потпораснат. Тие и ја  условуваат надежта за иднината – нејзиниот живот не е изживеан залудно. Тие ќе имаат најубава градинка, најелитно училиште, најпрестижен универзитет.  Според неа, доколку го разбираш тоа треба да се грижиш за нејзиното здравје. Предложете и одмор, заминете некаде заедно на викенд.  Давајте и комплименти. Како на пример, дека се восхитувате на нејзините бизнис квалитети, нагласете ја нејзината  женственост,  и најважно – претворете ја  секоја вечер комуникацијата  со неа во мал празник.

svekrva kraj

3 најпопуларни фрази на свекрвата и точните одговори на нив:

1. „Чудно – на Иван пред тебе му се допаѓаа  сосема друг тип на  девојки”.

Твојот одговор: „ Претпоставувам пораснал, па му се подобриле вкусот и критериумите“.

2. “Мила, според мене одвојуваш премногу внимание на својот изглед”.

Твојот одговор: “Но Иван е толку  убав, сакам да сум достојна за него”.

3. „Ти си купуваш веќе трето палто, а Иван зиме и лето оди со исти чевли!”

Твојот одговор: „Ги купив  на распродажба за смешни пари. А на Иван чевлите вредат многу.   Тој, искрено, се спротивстави – ​​вели дека биле многу скапи … Ти можеби ќе го убедиш дека не е во право … “.

- Реклама -