Ќерката на Мајкл Џексон се обидела да се самоубие

Ќерката на Мајкл Џексон, 15-годишната Парис Џексон, вчера била хоспитализирана откако се обидела да си го одземе животот.

Според пишувањето на порталот TMZ, Парис завршила во болница откако си ги пресекла вените.

Порталот наведува дека некој повикал брза помош во 2 часот наутро, а во телефонскиот разговор било речено дека Парис има повеќе исекотини на рацете. Набрзо таа од семејниот дом во Калабасас била префрлена во болница во Лос Анџелес каде заздравува.

showbiz-paris-jackson

BBC пишува дека портпаролот на дедото на Парис потврдил дека е вистина дека таа се обидела да се самоубие.

„Парис страда заради загубата на татко и, но не знаеме зошто го направи ова“, рекол тој.

Инаку, истиот ден рано наутро Парис напишала на Твитер неколку стихови од славната песна на „The Beatles“, „Yesterday“.

„Вчера моите неволји се чинеа толку далечни, а сега изгледа дека ќе останам тука некое време“, напишала ќерката на Мајкл Џексон.

- Реклама -