Ќерка му на Еминем стана кралица

Многумина можеби не знаеја дека славниот рапер има ќерка. Хајли Скот Метерс има 17 години, а штотуку стана кралица.

Еминем пееше за ќерка му во песната „Hailie’s Song“ што се наоѓа на неговиот четврти албум од 2002 година „The Eminem Show“.

Не се сомневаме дека тинејџерката е горда на тоа. Веројатно исто толку колку што тато Еминем е горд на нејзината титула „кралица“ во училиштето во кое оди во Мичиген.

tumblr_mefagb9biG1rdz079o1_500

„Толку сум среќна и благодарна затоа што станав кралица! Тоа е огромна чест и благослов“, напишала Хајли на Твитер.

„Кога ќе го погледнам моето девојче одеднаш повеќе не сум луд. Се одеднаш добива смисла кога ќе погледнам во нејзините очи. Хајли ти текнува дека ти велев „Што и да ти треба, тато секогаш ќе биде тука за тебе?“. Е па погоди што. Тато е тука. И никаде не одам, злато. Те сакам“, се дел од стиховите што раперот ги посвети на неговата ќерка.

40-годишниот Еминем, чие вистинско име е Маршал Метерс, ја доби Хајли во бракот со Ким Скот. Таа е негово единствено биолошко дете, а има уште две – Витни, детето на Ким од првиот брак и Алан, дете на сестра и на Ким кое исто така го признал како свое.

1

- Реклама -