Во неодамнешното телевизиско гостување во емисијата на Елен Деџенерис, популарната актерка Кира Најтли открила зошто едвај чека да се породи.
„Отидов кај докторката на преглед, а таа ме праша дали имам некои прашања. Реков: „Да. Кога можам да пијам? Ве молам, сè што сакам е една маргарита. Не смеам да пијам. Замислете, се подготвувам за доделувањето на Оскар, а нема да можам да пијам“, искрено рекла актерката.
Но, Кира објаснила дека забраната не се однесува за нејзиниот сопуг, кој се обидува да надокнади и во нејзино име.
„Мојот сопруг лудо се забавува. Јас јадам за двајца, а тој пие за двајца“, се пошегувала актерката.
Останатиот дел од интервјуто погледнете го подоле: