Google Maps даде нова перспектива на секој кој има време да патува од столот во неговата канцеларија. Никогаш не запирајте да се шетате виртуелно, бидејќи никогаш не знаете што може да ве изненди, или поттикне некоја одлична идеја.
Ако мислите дека вашите соништа се откачени, значи дека не сте виделе на што се способни луѓето, кога одлучуваат дека ништо не можат да изгубат.
Ова е една идеја која добива вселенски карактер, кога ја гледате од високо.
Тоа е идејата на еден Французин, кој одлучи дека ќе биде многу кул, ако успее да направи кино во пустината. Седиштата и потребната апаратура била купена од Каиро, а потоа донесена поблиску до пирамидите. За жал немало ниту една проекција, бидејќи во специјалната вечер некој саботиран генератор им ја расипал вечерта на сите. Ниту еден филм не е емитуван во пустината и се смета дека локалните жители ја направиле оваа работа. Околу 150 седишта продолжуваат да стојат и сега проектот го носи името „кино на крајот на светот”.