Кинез нуди евтино хотелско сместување во бетонски цевки

Кинески хотелиер од градот Хенан добил креативна идеја да понуди евтино хотелско сместување во канализациски бетонски цевки.

Овие „соби“ најверојатно не можат да се пофалат со комфор, а не нудат ни убав поглед, но никој не може да ја оспори оригиналноста на идејата

Хотелските „соби на новата генерација“ се сместени во петнаесет цевки опкружени со зеленило. Секоја „соба“ има клима-апарат, а тие се предвидени првенствено за двојки.

Цевките од надвор се насликани со улични графити, што им дава урбан карактер.

- Реклама -