Нема како да не се огласи злобно слична вест: Кина планира да воведе национален електронски систем, кој ќе го оценува секој од 1,3-те милијарди жители во земјата според неговото однесување во општеството.
Генерираните собрани и анализирани онлајн податоци на граѓаните ќе бидат вклучени во систем кој ќе ги проценува личноста и однесувањето врз база на претходно изградени критериуми и оние со високи резултати ќе се здобијат со одредени социјални права, до кои другите тешко би добиле пристап.
Веста беше примена со огорченост и паралели со Орвел и романот “1984”. Гејмерските кругови исто се вклучија на страната на критичарите, бидејќи гледаат на проектот како ужасна форма на т.н. гејмификација – пренесувањето на практики од видео игрите во реалниот живот.
Но, што е она што се знае до моментов за системот и колку може да се верува на извезените информации поврзани со него?
Станува збор за систем за кредитен рејтинг, кој на почетокот е само резиме на тоа колку плаќаме и каков ризик носиме за кредитните институции кои можат да ни позајмуваат пари.
Во Кина концептот стигнал подалеку до поимот “социјален кредитен систем”, чија цел е да ги стимулира граѓаните да се придржуваат кон основните социјалистички вредности.
Таквиот систем се уште не е достапен и засега владата само ќе набљудува како 8 кинески компании ги испробуваат нивните сопствени системи за бодување на граѓани, изградени преку проекти одобрени од државата.
Најпознатиот таков проект досега е на Sesame Credit, финансиското крило на Alibaba. Со своите 400 милиони корисници, Alibaba е најголемата платформа за електронски шопинг во светот (често се споредува со Amazon) и користи единствена база од кориснички податоци за да го лансира својот систем за формирање на граѓански рејтинг.
Системот функционира од годинава и ефектот од него веќе се чувствува.
Бројот на неговите корисници е околу 40 милиони, а стотици илјади твитови покажуваат како Кинезите веќе се зависници од својот рејтинг на Sesame Credit и споделувањето на бодуваните успеси.
Индивидуалниот резултат на секој корисник се движи помеѓу 350 и 950 точки и може да се следи во текот на Sesame Credit апликацијата. Високите резултати нудат бонуси, кои не се за потценување: кај повеќе од 650 поени Кинезите можат да заработат автомобил без да дадат депозит. Со над 700 точки имаат приоритет за дозвола за патување до Сингапур, а со повеќе од 750 поени – за Шенген.
Други бонуси дозволуваат земање заем од 800 долари и резервација на хотелска соба, притоа, без неопходност од депозит.
Корисниците се охрабрени да го споделуваат високиот рејтинг на пријателите и дури да се фалат со него. Најголемата компанија за советнички услуги во Кина Baihe веќе ги здружија силите со Sesame и им помагаат на корисниците со висок кредитен рејтинг, ставајќи ги на повидливи места на својот сајт.
Имајќи ги во предвид неоспорливите предности, главното прашање е како точно се формираат поени кај секој корисник – тоа сепак не е целосно разјаснето.
Компанијата инвеститор Ant Financial тврди дека ги мери куповните навики на потрошувачите и дека користи “сложен алгоритам”, за кого веќе се појавија доста шпекулации.
BBC пишува дека се уште непостоечкиот владин кредитен систем кој најверојатно ќе произлезе од оној на Sesame Credit, ќе ги чува информациите за секој граѓанин и ќе го формира рејтингот по навистина застрашувачки критериуми.
Средствата, приходите и кредитната историја ќе бидат дел од личниот рејтинг, но во него ќе влезат и политичките позиции и работите кои секој од нив ги споделува на социјалните мрежи.
Ако објавите негативен политички коментар, резултатите ќе бидат намалени, како и ако спомнете непријатна и болна тема како крвавите настани од плоштадот Тјенанмен.
Водечка карактеристика ќе биде и што точно пазарува човекот. Одредени производи, како што пелени, ќе се сметаат за добри и ќе носат поени, а при купување на други (на пример видео игри) ќе се намалува резултатот. Хобијата, исто така ќе се делат на “добри” и “лоши”, а ќе се земе во предвид и начинот на исхрана.
Клучно за системот е и тоа што тој е под влијание на онлајн опкружувањето на корисникот. Ако поголем дел од вашите најблиски имаат низок рејтинг и вашиот ќе падне. Ако некој од нив објавуваат политички коментари, нивниот резултат ќе биде намален, но исто така и вашиот. Слични линкови се очигледен обид на властите да ги натераат луѓето да се контролираат самите едни други.
Целата оваа мрачна слика за среќа сè уште е само опасност за иднината, а не факт во сегашноста.
Според една статија во Quartz напишана од Жепинг Хванг, експерт по тест системи, барем засега Sesame Credit не користи слични критериуми. На пример, системот има во предвид колку често корисниците купуваат онлајн и за какви суми, но не влијае врз тоа што точно купуваат и не ги дели купувањата на добри и лоши. Освен тоа инвеститорот на системот Ant Financial уверува и дека позициите на социјалните мрежи на никаков начин не се одразуваат на рејтингот.
Општо земено, засега системот на Sesame Credit изгледа само како тестирање на моделот, а конкурентните системи допрва ќе се појават. Нивните врски со плановите на Владата за социјален кредитен систем ќе ги видиме некаде во иднината.
Моментално, вклучувањето во кредитниот систем е на доброволен принцип, но плановите се во 2020 година тоа да стане задолжително.
Изгледа целта е дотогаш системот да биде силно интегриран во онлајн навиките на Кинезите, за да можат веќе да бидат воведени не само награди за висок рејтинг, туку и казни кај низок – на пример, побавна интернет конекција или ограничување на работните места за кои можете да аплицирате.
Ако тоа навистина се случи, веќе би изгледала премногу реална опасноста системот да се превори во перверзна трка.